Вчерашното невреме за малку ќе направеше материјални штети во Прилеп (ФОТО)

Прилеп деновиве не е одминат од невремињата кои предизвикаа сериозни проблеми.

Поројниот дожд проследен со силен ветер и електрични празнења, деновиве предизвикаа поплавувања по улиците и домовите, а наместа имаше и скршени гранки од дрвја.

Во текот на вчерашниот ден имаше голема нестабилност која беше проследена со краткотрајно невреме, а во текот на ноќта дуваше и силен ветер.

За среќа скршените гранки од дрвја не предизвикаа сериозни штети, а од таква штета куртулил и овој автомобил.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.