Вчерашниот празник, Богојавление-Водици, го има еден од најинтересните обичаи, фрлањето на осветениот крст во вода, па секоја година сме сведоци на интересни случки кои се случуваат за време на овој чин.
На социјалните мрежи е објавено видео од село Жиганци, Кочани, каде најсреќниот учесник кој го фати крстот не мораше ниту да влезе во вода.
Како што може да се види на снимката, наместо во водата, крстот паднал крај неа на место прекриено со снег, а додека останатите се фрлија во вода, тој со трчање прв стигна до крстот.
„Викај вујче, вујче“, може да се слушне од позадина, а според тоа што го говорат присутните, името на момчето кое во фатило крстот е Мартин.