Тренерскиот стратег и добар познавач на македонскиот ракомет, Веселин Вујовиќ, изнесе неколку интересни размислувања околу иднината на македонската ракометна репрезентација.
Некогашниот тренер на Вардар, кој беше селектор и на Македонија, го анализираше прикажаното на нашите ракометари, но исто така истакна што му е потребно на македонскиот ракомет за да ја задржи главата “над вода”.
Вујовиќ ја анализираше играта на Филип Талески, за кого вели дека во последно време е непрепознатлив и дека целосно уназадил во играта.
“Не игра одбрана, не шутира, прави технички грешки, прави глупости…Така да го разбирам селекторот, го става во игра, па го менува. Едноставно не знае што да прави со него”.
За останатите во тимот Вујовиќ вели дека им недостасувала желба да покажат многу повеќе од тоа што го прикажаа на теренот.
“Неопходно е Македонија да пронајде играчи како Велко Марковски и Аце Јоновски кои беа бедем и имаа срце како автобус. Мораат да најдат и пивотмен “двометраш” кој игра во двата правци. Пешевски и Стоилов кои се страшни напаѓачи, не можат да постигнат и да се враќаат назад против врвните репрезентации”, анализира Вујовиќ.