Вучиќ: Tpпам oгpoмни пpитиcoци, за 3 дена оcтapeв колку за 100 години

Вучиќ беше на отворањето на погонот на фабриката „Вакер Нојсон“ во Крагуевац и беше запрашан дали Србија ќе ги сноси последиците од невоведувањето санкции кон Русија, како и за коментарот на твитот на Карл Билт дека Србија може да се збогува со ЕУ.

– Не се сеќавам дека била ваква тешка ситуацијата и дека јас ќе го цитирам Лаушевиќ: „Годината помина, но денот никако“. За три дена остарев за цели 10 години – рече Вучиќ.

Зборувајќи за барањето дека Косово треба итно да биде примено во НАТО, Вучиќ рече:

– Првпат слушнав за тоа пред неколку месеци, тоа не е идеја на Албанците од Косово, тоа е идеја на нивните лобисти во ЕУ и САД. Зошто им е тоа важно? Прво, сакаат да натераат четири земји од ЕУ, кои се членки на НАТО, да ја признаат независноста на таканареченото Косово. Не можете да станете членка на НАТО ако не сте држава. Тоа е начин, но и изговор за некои земји да го прифатат тоа и да кажат дека мораме затоа што немаме друг излез – објасни тој.

На прашањето за притисоците со кои се соочува Србија, тој одговори дека тие се огромни.

– До доцна синоќа имав разговори со претставници на повеќе земји, а и денеска е така цел ден. Само толку за големото почитување на независноста и правото на другите земји да одлучуваат – кажа Вучиќ.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.