Насилството нема да помине неказнето. Ова вчера во интервју го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, коментирајќи го упадoт на демонстрантите во Радио Телевизија Србија.
– Потребно е да се сочува мирот по секоја цена, нови бури нема да дозволиме, решен е Вучиќ.
Претседателот на Србија изјави и дека ништо не може да го заплаши.
– Мислеа дека ќе молам и ќе се тресам за жива глава, но јас не се плашам, додава тој.