Претседателот на Србија и врховен командант на војската на Србија, Александар Вучиќ денеска на непозната локација извршил обиколка на специјалните единици и им се обратил по повод најновата криза на Косово и Метохија.
Како што дознава српски “Информер”, Вучиќ преку емотивен говор им порачал на најелитните српски војници да бидат подготвени во секој момент да го заштитат својот народ.
“Направивме се’ за мир, направивме се’ што можевме за да ја зачуваме стабилноста и да овозможиме напредок на Србија и целиот регион. Но, никогаш нема да дозволиме газење на Србија!”, порачал српскиот претседател.
Toj во говорот ги потсетил специјалците на тешките денови од српската историја и на херојските подвизи на српската војска која секогаш ја бранела својата земја и својот народ.
“Нема да дозволиме никаква агресија над Србите. Никогаш повеќе нема да има никаква “Олуја”, никој нема да може неказнето да врши прогон врз Србите. Нашата работа е да ја заштитиме земјата и народот. И тоа ќе го направиме”, рекол Вучиќ.