Српскиот претседател Александар Вучиќ гостуваше на утринската програма на телевизџија Пинк, каде зборуваше на различни теми. Тој посочи дека грешките ќе ги чинат скапо, а ги правеле во големи количини во минатото.
Вучиќ кажа дека додека е жив со Србија нема да владее странска рака, странски агент без оглед за кој станува збор. Србија е слободна и суверена земја, рече Вучиќ и појасни дека тоа жив значи политички жив.
Зборувајќи за многу теми, тој утринава зборуваше и за апсењето на маж кој не е уапсен поради некаков твит, туку поради закани за убиство.
-Приведено е некое магаре кое се заканува со убиство на другите луѓе, но и на мене, но тоа не е важно, страшно е што се заканува на членови на семејството – рече Вучиќ.
Покажувајќи принтскрин од објави на Фејсбук во кои за него се употребуваат најлоши навреди, тој едвај се воздржл да не заплаче кога во една од нив е спомната неговата 16-годишна ќерка и тоа во ужасен контекст.
Со „кнедла во грло“ продолжил да чита, а гледачите забележаа дека едвај ги задржуваше солзите.