Вучиќ: “Горд сум што нема да земаме пари од Европската Комисија, тоа не е помош, туку кредити”

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, истакна дека пакетот од Европската Комисија за макрофинансирање од три милијарди евра за државите кои се во процесот на проширување на ЕУ, не претставува помош на ЕУ, туку дека се работи за поволни кредити односно позајмици.

Вучиќ вели дека е горд што Србија не е на листата со Украина, Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и други земји кои се на листата на Европската Комисија.

Тој исктана дека е горд на српската одлука и додава дека доколку тие пари на Србија и бидат потребни ќе и бидат на располагање во иднина.

“Тука пишува дека тоа се дава на земјите кои имаат значително пореметување во платниот биланс”, вели Вучиќ.

Тој праша зошто Србија би ги земала тие пари ако не и требаат.

Јавниот долг на Србија не смее да премине 60% од БДП, порачува претседателот на Србија и истакнува дека Владата ќе гледа дефицитот да не премине 7% и дека тоа ќе биде најмал дефицит во регионот.

Тој најавува дека утре ќе има состанок со амбасадорите на членките на ЕУ во Србија.

“Ние сме, секако, на европскиот пат, но имаме своја глава, своја земја”, вели Вучиќ

Европската Комисија вчера усвои предлог пакет за макрофинансиска помош од три милијарди евра за државите во процесот на проширување на ЕУ, како би им се помогнало да ги ограничат последиците од кризата поради пандемијата со коронавирусот.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.