Дефект на главен цевовод Ф-300мм, кој се случи пред точно 12 дена, предизвика поплава во центарот на Прилеп.
Дефектот тогаш донесе да без вода останат неколку градски населби, а централниот булевар “Гоце Делчев” беше под вода.
Екипите на ЈКП Водовод и Канализација го санираа дефектот и го вратија нормалното водоснабдување во градот, но кратерот од тоа сеуште стои и предизвикува опасност за граѓаните и возачите.
Зарем потребни се цели две недели и сеуште да не се најде некој паметен да го покрие со нов асфалт?
Од една страна се нарушува безбедноста, а од друга страна и естетскиот изглед на градот.
Кај нас проблем е една дупка, а во светот многу поголем проблем се решава за 7 дена.
На пример сите се сеќавате кога во Јапонија џиновска дупка проголта половина улица. Настанот се случи на 08.11.2016, а на големо неверување на целиот свет, проблемот беше решен само 7 дена подоцна.