Втop пpoтecт на BMPO-ДПMHE пpoтив пocкапyвањето на cтpyjaта, на пpoтест излегyва и Koнфедерацијата на cиндикални организации

Два протестни марша против поскапувањето на струјата се најавени за попладнево во Скопје.

Генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев вчера на прес-конференција најави нов протест за попладнево против поскапувањето на струјата.

Како што рече тој, протестот ќе почне во 14 часот пред Регулаторната комисија и еден час со автомобили ќе ја блокираат крстосницата и пристапните улици пред Регулаторната комисија.

Протестот, рече Јанушев, ќе започне пред „Палома бјанка“.

Првиот од низата најавени граѓански протести ВМРО-ДПМНЕ го одржа во средата.

И конфедерацијата на синдикални организации (КСОМ) од 18 часот најави протестен мото-синдикален граѓански марш што ќе тргне од „Чаирчанка“ и ќе заврши пред Регулаторната комисија за енергетика и Собранието.

Цел на организирањето, како што соопштија оттаму, е 10 до 20 возила и стотина граѓани, во знак на негодување да се изрази револт за постапката и иницијатива за покачување на струјата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.