Втор отворен ден во фабриката на “Гентерм”: Сите заинтересирани граѓани можат да присуствуваат

Koмпанијата на американскиот гигант од автомобилскиот сектор, “Гентерм”, сместена во технолошко-индустриската развојна зона Алинци во близина на Прилеп, во недела 23.06.2019 година од 11:00 до 13:00 часот, ќе овозможи сите заинтересирани да ја посетат фабриката и да се запознаат со процесите и работните места за време на прошетката, која ќе се спроведе од страна на претставници на компанијата.

Ова е втор отворен ден во оваа компанија која е најголем работодавач во Прилеп. Ист ваков настан беше организиран и минатата година.

Превозот за Граѓаните ќе биде организиран со тргнување од 10.30 часот од пред Реклами.

Компанијата ги повикува заинтересираните граѓани да дојдат, да бидат нивни гости и самите да се уверат во добрите услови за работи кои ги нудат.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.