Втор ден нема воз на релација Велес-Прилеп-Битола: Пожар изгорел 160 прагови на пругата кај прилепско Браилово

Пожар на стрништа покрај пругата ги изгоре праговите поради што втор ден не сообраќаат возовите Велес-Прилеп-Битола и обратно. Како што информираат за МИА од Железничката станица во Велес, во вторникот попладне изгорени се 160 прагови на пругата на Железничката станица Браилово близу Прилеп, по што од среда по полноќ возовите се оневозможени да сообраќаат.

Од Македонски Железници информираат дека нивни екипи работат на санирање и обнова на праровите по што ќе бидат пуштени возовите но не посочуваат кога е рокот на санација на оштетената пруга.

Претходно до вторникот вечерта возот само пет дена сообраќаше, а откако претходно исто така поради изгорени илјада прагови од пругата, возот на релација Велес-Прилеп Битола беше во прекин осум дена.

Поради прекин на возот реагираат голем број на патници, најмногу студенти од Велес и околните населени места, кои студираат во Прилеп и Битола, а од кои некои имаат и месечни карти за воз, па сега се изложени на дополителни трошоци за патување со автобус.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.