Вториот ден од Меѓународниот карневал „Прочка 2017“ во Прилеп, започна со научна конференција насловена како „Обреди и фестивали под маски на Балканот: традиција, состојба, тенденција”, која годинава се оддржа за прв пат во просториите на хотелот Кристал Палас.
Според градоначалникот Марјан Ристески оваа конференција е од големо значење како за градот така и за градовите во кои се организираат вакви фестивали.
„Ваквите промоции доведуваат до заемно дружење, разменување на искуства и навистина тоа многу значи во развојот на промоцијата на градовите и државите, а од оваа фестивалска соработка произлегува не само развојот на туризмот туку и економскиот бенифит“, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.
Гостите, учесници на конференцијата од Србија, Бугарија и Македонија посочија дека улогата на маската и маскирањето како дел од културната историја и наследство на територијата на Балканот низ вековите, претставува симбол на корените.