Денес напладне на теренот со вештачка трева, екипата на Победа во 4-тиот контролен натпревар ја забележа втората победа. Третолигашот Вардар од Неготино беше совладан со 2-1, полувреме 2-0. Во комбиниран состав без повредените играчи и неколку фудбалери кои стручниот штаб реши да ги одмoри, црвено-белите без многу напори стигнаа до втората победа во пријателските натпревари. Головите кои ги постигна Победа одат на душа на гостинскиот голман Ристов, кој најпрвин во 24-тата минута(за 1-0) ја испушти топката од раце, а во голот од гол линијата ја втурна Мирчески. Пет минути подоцна од 17-18 метри биеше Христијан Петрески по средината на голот, но на неспретниот Ристов топката му помина низ нозе и заврши зад неговиот грб за 2-0. Гостите намалија за конечни 2-1 во 60-тата минута по одличната соло акција на Шишков.
Победа:Јованоски, Богоески, Николоски, Колески, Велјаноски, Мегленски, Х.Петрески, Иваноски, Митрески, Мирчески и Гешоски. Во вторите 45 минути играа уште:Карчески, Дунимаглоски, Д.Котевски, Д.Котески и Тодороски. Утре следи слободен ден, а следната пријателска средба е в недела во Охрид со српскиот прволигаш Радник од Сурдулица.