Врховниот суд донесе одлука дека СЈО ќе треба да ја докажува својата надлежност во случаите за кои бараат надлежност при застапувањето.
Се истакнува дека одлуката е согласно член 5, став 1 од Законот за СЈО за гонење на кривични дела кои произлегуваат од содржината на нелегално прислушуваните телефонски разговори, за кои надлежно е СЈО.
Катица Јанева бараше овластување во случаите Надеж, Маѓар Телеком, Шпион, Поткуп во кој Заев беше фатен како прима 200.000 мито, како и случаи против екс-директорот на УБК Зоран Верушевски и неговиот син. Во ниту еден од овие случаи СЈО нема надлежност бидејќи ниту еден од овие не произлегува од сознанијата на нелегално прислушуваните комуникации.
Извор: Инфомакс