Грчкиот суд го одби барањето на македонското Министерство за правда за екстрадиција на бегалците Горан Грујевски и Никола Бошковски.
Главниот аргумент на грчкиот Врховен суд за да не ги екстрадира во Македонија,е дека не може да одлучува за луѓе кои претходно биле амнестирани. Станува збор за амнестијата која ја направи претседателот Ѓорге Иванов пред две години.
Тамошниот суд одлучил дека еднаш донесена одлука за амнестија не може да биде повлечена.
Врховниот суд во Атина одлучил дека двајцата не треба да бидат испорачани во земјава бидејќи тука нема услови да им се овозможи фер судење.