Вртелешката на Дибиров која во почетните минути од финалето во Лигата на шампиони донесе водство за Вардар од 6:4, е избрана за најдобар погодок на фајнл фор турнирот во Келн.
Дибиров истрча една полу контра, одигра одличен дриблинг и постигна погодок за кој многумина се чудат како ли воопшто му успеа.
Но кога летечкиот Русин е во прашање ова не е ништо ново. Дибиров ја има навикнато публиката на вакви голови, а ова беше уште една врвна мајсторија на странецот со најдолг стаж во Вардар.
“Добро е што летото е тука, затоа што ќе ни треба цело лето за да сфатиме како ова му успеа”, вели коментаторот на ЕХФ во видеото.
Останатите погодоци во топ 5 листата погледнете ги во продолжение: