Под влијание на серија влажни бранови, од денеска попладне и во наредните денови времето ќе биде претежно облачно и нестабилно, на повеќе места со обилни врнежи од дожд, локално процесите ќе бидат во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град.
Променливо облачно ќе биде во текот на денов, со умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено изразен вдолж Повардарието и во Пелагонија, соопшти УХМР. Почнувајќи од западниот дел на земјава, попладне ќе има врнежи од дожд, локално ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Минималната температура ќе биде помеѓу 5 и 13, а максималната ќе достигне од 17 до 25 степени.
Во Скопје ќе биде умерено до значително облачно со умерен југоисточен ветер, попладне со локален пороен дожд. Температурата од 10 до 24 степени.