ВРИЕШЕ КАКО ВО КОШНИЦА, а еве зошто и наредниот викенд во Прилеп тука ќе биде најдобрата забава – побрзајте картите одат како алва! (ВИДЕО)

Во прилепското сивило на понуда за ноќен живот, тие се светла точка во градот. Клуб Déjà Vu и оваа зимска сезона ќе ги понуди најдобрите ноќни журки со најдобра музичка понуда.

Диџеи, музички групи, популарни домашни и балкански изведувачи…. забавата веќе започна, а атмосферата во Déjà Vu дополнително ќе се загрее во претпразничниот период.

По одличната забава викендов со “ДВА БОНА”, клуб Déjà Vu ви закажува уште една одлична журна за 14. декември, кога со почеток од 21:00часот, свој настап пред прилепчани ќе има еден од најпопуларните српски изведувачи, Дарко Филиповиќ.

Ѕвездата на Гранд најавува одлична забава со сите негови познати хитови и незаборавен помин.

Картите се веќе во продажба по цена од 400денари, па не чекајте ни миг повеќе и навреме јавете се на телефонскиот број: 070-304-967.

Бидете дел од најдобрите забави и оваа зима! Тимот на клуб Déjà Vu ве очекува!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.