ВРЕМЕ Е ЗА ТИТУЛА! ППК “MЛАДОСТ96” со зрела екипа за шампионска титула

Новата сезона за ППК “Младост96” треба да биди најуспешна во однос на Супер лигата.

За оваа сезона ППК “Младост96” се засили со уште еден одличен домашен пингпонгар Андреј Лашкоски. Со ова засилување и со постоечкиот одличен кадар Александар Рикалоски, Петар Костовски, Антонио Стомнароски и Марио Апостолоски екипата веќе е зрела за освојување на титула.

Припремите ППК “Младост96” ќе ги отпочнe кон крајот на месец aвгуст и се до почнување на првенството кон крајот на Септември, тренинзите ќе се обавуваат во неколку фази под раководство на тренерот Гоце Тошески.

За дел од играчите пауза воопштo и да немаше, бидеќи најмладиот член Рикалоски учествуваше ова лето на три големи натпреварувања и буквално целото време е во натпреварувачка форма.

На едно Балканско првенство учествуваше и вториот репрезентативец од редовите на “Младост96” ,штипјанецот Петар Костовски, кој воедно е и прва резерва за Европското првентсво за сениори, што ќе се одржи од 18-23 Септември, во Аликанте во Шпанија.

Рикалоски учество зеде на две Балкански првенства, и тоа за младинци во Зеница, како и за сениори до 21 год. во Турција, а во месец јули беше и на Европско првенство за младинци во Романија, каде имаше најдобар скор од сите репрезентативци.

Во месец аептември, Рикалоски ќе земе учество на светски ИТТФ турнир во Хрватска и Србија.

Од месец септември продолжува со работа и пионерската школа на “Младост96” каде покрај постоечките 20-ина деца клубот ќе врши прием на нови членови, oдносно на дечиња на возраст од 6 до 10 години.

И таму ќе има новини каде дечињата ќе бидат поделени во неколку групи со работа на повеќе тренери во тие групи, ни изјави членот на Управата на клубот и Потпретседател на Пингпонгарската федерација на Македонија, Златко Рикалоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.