Времето денеска сончево и многу топло со температури до 38 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во планинските подрачја ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 28 до 38 Целзиусови степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Утре во попладневните часови, претежно во планинските подрачја, ќе има услови за изолирана локална појава на пороен дожд и грмежи. Потоа се очекува стабилно и многу топло време. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.