Оваа година веројатно нема да имаме зима, барем ако може да им се верува на долгорочните прогнози. Најавите на синоптичарите се дека температурите ќе бидат над просекот а врнежи од снег на пониските места воопшто и нема да има. Температурите, барем во Скопје, ретко ќе одат пониско од минус 5 степени а во текот на денот често ќе имаме температури околу 7 до 8 степени.
Во поглед на врнежите, она што остана од јануари ќе помине во релативно влажно време. Речи си секоја недела ќе има услови за врнежи од дожд кои можеби ќе прејдат кон снег, но тоа нема да креира никаква снежна покривка.
Вакви услови според долгорочните прогнози ќе има кон крајот на овој месец. Некои поголеми промени нема да има ни во првата половина од февруари.
Разликата е што некаде кон средината на месецот дневните температури може да достигнат и двоцифрена вредност а од време на време ќе го гледаме и сонцето.
Во поглед на врнежите во првата половина на февруари не се очекува некоја поголема влажност но во последните две недели ќе има услови за послаби врнежи од дожд кои на некои места може да преминат во слаби снежни врнежи.
Се она што не го видовме во јануари и февруари ќе има услови да го видиме во март. За овој месец долгорочните прогнози покажуваат зголемена влажност со услови за поинтензивни врнежи од снег кои нема да може да се задржат поради високите дневни температури кои во одредени денови од март ќе доаѓаат и до 15 степени.
Со тоа, врнежите од снег ќе преминуваат во дожд па се очекува да врне речи си повеќе од половина месец.
Сепак, треба да се има предвид дека долгорочните прогнози не даваат секогаш прецизни информации и треба да служат само како насока за оние кои што нешто планираат во периодот кој следи.
Извор: “Press24.mk”