Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер, претпладне од југоисточен, а попладне од северен правец. Попладне и преку ноќта ќе има слаби локални врнежи од дожд повеќе во северните и источните делови од земјата.
Утринската температура ќе се движи од пет до 12, а дневната од 15 до 21 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Попладне и преку ноќта ќе има појава на слаб локален дожд.
Температурата ќе биде во интервал од 10 до 18 степени.
Од петок попладне следува период на стабилно, суво и постудено време.