Вреди цело богатство: Се продава топката со која Марадона го постигна голот познат како “Божја рака”

Топката со која легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона го постигна голот познат како “Божја рака” против Англија, ќе се најде на аукција следниот месец. Се очекува да биде продадена за сума од 2,85 до 3,4 милиони евра, објави Гардијан.

На 22 јуни 1986 година, Марадона ги постигна двата можеби најпознати голови во фудбалската историја и обезбеди пласман на Аргентина во полуфиналето на Светското првенство. Првиот со рака, а вториот со мајсторски продор.

Топката од споменатиот натпревар заврши кај главниот судија на мечот од Тунис, Али бин Насер, кој смета дека е време таа да биде споделена со светот.

– Не ја видов јасно ситуацијата. Двајца играчи, Шилтон и Марадона, го свртеа грбот кон мене. Според инструкциите на ФИФА пред почетокот на турнирот, погледнав кон помошникот да го потврди голот. Тој истрча кон центарот на теренот и со тоа потврди дека голот треба да биде признаен.

По натпреварот, селекторот на Англија, Боби Робсон ми рече: „Ти направи добра работа, но помошниот судија беше неодговорен“, рече Бин Насер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.