ВРЕДЕН НАГРАДЕН ФОНД! Пријавете екипа за популарниот “ЛАЖАНИ ФУТСАЛ КУП”

Oд 16.07 во с.Лажани, општина Долнени, ќе се одржи веќе традиционалниот турнир во мал фудбал – “ЛАЖАНИ ФУТСАЛ КУП”.

Пријавувањето за турнирот е веќе во тек. Заинтересираните екипи ќе можат да го регистрираат своето учество најдоцна до 15.07. до 15:00 часот, а котизацијата по екипа изнесува 6.000 денари.

Наградниот фонд на турнирот е навистина богат, па првопласираната екипа ќе добие награда од 3.000 евра, за второ место се предвидени 2.000 евра, а за трето 1.000 евра.

Заинтересираните екипи своето учество можат да го пријават на еден од следните телефонски броеви:

Елвис Вили Зијадич – 070 277 991
Сенад Каришиќ – 075 961 066
Керем Раифоглу – 075 748 889

Повеќе информации за турнирот, видеа и фотографии од минатогодишните изданија, можете да погледнете <a href=”https://www.facebook.com/lazanifutsalcup”>ТУКА




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.