Фудбалерите на прилепска Победа вчера се изборија за вреден бод на гостувањето кај Беласица во Струмица. Домаќините поведоа со голот на Димче Јовов во 25-та минута, а црвено-белите возвратија само десет минути подоцна преку Христијан Кукески.
Победашите сега се селат на домашен терен, каде во наредните две недели ќе одиграат дури три натпревари, во првенството против Арсими и Охрид и во фудбалскиот Куп против Гостивар.
Црвено-белите со новиот освоен бод имаат 4 и се наоѓаат на делба на деветтото место на табелата со Вардар Неготино.
Лидери на табелата се Македонија Ѓорче Петров и Кожуф со по 10 бодови.