Учениците од гимназијата “Мирче Ацев” oд Прилеп редовно постигнуваат успеси на математичките натпревари.
Ученичката од прва година, Емилија Џајковска, по освојувањето на втората награда на општинскиот натпревар по математика, на регионалниот освои трета награда, а потоа и на државниот натпревар кој се одржа на 18.03.2017 на ФЕИТ – Скопје, освои, исто така, трета награда и беше меѓу најмладите учесници на овогодишната ММО (Македонска Математичка Олимпијада).
Нејзината професорка по математика и класен раководител, Афродита Стефаноска, вели дека Емилија е солиден и примерен ученик и врвен математичар, дека неуморно работи и се надоградува со теми и задачи кои се вон наставната програма по математика и дека допрва ја чекаат уште поголеми успеси.