Македонскиот репрезентативен центарфор Илија Несторовски е најдобриот голгетер кој го имал Палермо во последната деценија, „победувајќи“ големи имиња како Фабрицио Миколи, Пауло Дибала, Јосип Иличич во овој исбор.

ANSA/SIMONE ARVEDA
Италијанските медиуми анализирајќи ја декатада на сицилијанската гордост, која заврши трагично за Палермо со банкрот и преселба во најниската Серија Д, ги посочија фудбалерите со најголем ефект од 2010 година до денеска.
Несторовски со 39 гола е најдобриот голгетер, кој си замина од Палермо откако клубот банкротираше. Зад него е Миколи, најдобриот стрелец во историјата на ковој клуб, кој во изминативе десет години даде 37 гола, додека трет е Абел Хернандез со 29 гола. Во најдобрите стрелци се и Словенецот Јосип Иличич со 25, Аргентинецот Пауло Дибала со 22, Франко Васкез со 21 и Александар Трајковски со 20 гола, воедно и стрелец на последниот гол за Палермо на „Ренцо Барбера“ против Читадела, пред да се случи банкротот.
Најмногу мечеви пак во оваа деценија одигра Босанецот Мато Јајало, соиграчот на Несторовски и во Удинезе, кој запиша 147 меча за Палермо. Втор е Езекил Муњоз со 142, а трет е Андреа Рисполи со 137 гола.