ВРАЌАЊЕТО НА КРАЛОТ! Берлускони купува нов клуб?!

Познатиот весник “Скај Спорт” пренесува дека поранешниот премиер на Италија и претседател на АЦ Милан, Силвио Берлускони повторно ќе се врати во италијанскиот фудбал, откако во април минатата година го продаде гигантот од Милано.

Според весникот, Берлускони ја разгледува опцијата за купување на нов клуб, а се работи за третолигашот Монца, која е во сопствеништво на семејството Коломбо.

Монца е член на Сериа Ц, а во претходните две децении бележеше големи неуспеси.

Најдобрата прилика за враќање во Сериа Б, Монца ја пропушти минатата сезона кога испаднаа од плеј-офот, а сега Берлускони со помош на стариот партнер Галијани ќе се обиде чекор по чекор да го воздигне клубот.

Нема сомнеж дека Силвијо ќе вложи дополнителни напори да го врати својот углед во Италија, но и угледот на самиот клуб, што секако ќе ги израдува навивачите на градот, во кој Галијани е роден.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.