Фестивалот на скарата и пивото во Прилеп – популарниот “Пивофест”, не може да се замисли без присуство на човекот во чие време истиот стана бред на градот под Марковите Кули. Можеби не го измисли, но додека Ристески беше на чело на локалната самоуправа, “Пивофест” стана масовна манифестација која во Прилеп носеше и по 300-400 000 посетители во четирите фестивалски денови.
На сцената во тие години настапија имиња како: Цеца, Дино Мерлин, Жељко Јоксимовиќ, Лепа Брена, Здраво Чолиќ, Северина, огромен број други познати музички имиња од домашната и балканската естрада, но и имиња како популарните изведувачи од Романија Fly Projec, INNA, потоа грчкото диџеј дуо Bang La Deck…. и.т.н.
Ристески всушност е синоним за пивскиот фестивал во Прилеп, а тоа се гледа и од објавената фотографија на социјалните мрежи, каде собра илјадници лајкови и коментари од неговите сограѓани.
Во коментарите граѓаните очигледно го бараат актуелниот заменик министер за економија и труд, да се врати на местото прв човек на општината.
Ова се само дел од коментарите под неговата фотографија:
“На здравје, нема поуспешен градоначалник од тебе, штета, го запустија и тоа што го направи во градов, треба одржување”,
“На здравје Марјан и битно е да се знае дека ти си основач на оваа манифестација и во твое време беа најубавите денови со најмногу гости и најдобри музичари и најмногу профит за град Прилеп”,
“Ние прилепчани очекуваме добра вест, единствениот кој може да го врати сјајот на Прилеп да може да го гласаме повторно за градоначалник”,
“Вратете се градоначалниче, децава не знаат што прават. Во ваше време се беше под конец”.
“Дај боже наредната година вие да го отворите фестивалот”
“Те чекаме како нов градоначалник на Прилеп, се уништи градов без тебе, врати му го сјајот”
“На здравје и пиво наздравје и скара. Се убаво само никогаш не е поубаво од кога беше ти градоначалник. Убаво беше и за млади и за стари. Чисти улици расположени лица низ градот. Како градоначалник на секој граѓанин им излегуваше во пресрет. Беше вреден и ценет меѓу своите сограѓани затоа што ти го заслужуваше тоа. Сега е се штама. Не важат ни молби ни нови проекти ниту корисни активности од обичните граѓани односно од некои невладини здруженија кои не себично им помагаја на сиромашно загрозените семејства, кои и денес се барани…
Поздрав и секоја почит за ГРАДОНАЧАЛНИК КАКОВ ШТО БЕВТЕ ВИЕ ЗА ПРИЛЕП И ПРИЛЕПСКО”
“Враќај се и организирај, пепел остана”