Доделувањето решенија за веќе легализираните дивоградби продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика. Денеска беа доделени 60 нови решенија за легализација, со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот.
Градоначалникот Марјан Ристески, истакна дека доста значајно за општината е спроведувањето на Законот за легализација на дивоградбите, преку кој Владата на РМ, на сите граѓани им овозможи историска шанса за стекнување на правна и легална сопственост на нивните домови.
Прилепчани покажаа голем интерес за оваа владина социјална мерка за докажување на сопственоста за нивните дивоизградени објекти.