Врачени нови решенија за легализација во Прилеп

_mg_3496

80 нови решенија за легализација денеска беа доделени, со што вкупната бројка на решенија се искачи на околу 9.000.

Од вкупно поднесените 15.367 барања во 2011 и 3.100 во продолжениот рок во 2016-та, Општина Прилеп успеа да одговори на дури 9.000, односно да им додели решение за легализација, со што ефикасноста на проектот засега е над 60%. Голем е и бројот на поднесени барања на кои им недостасува геодетски елаборат, а околу 1.000 барања се со започната постапка, има и такви кои само чекаат уплата на надоместок за да се почне со постапка на изготвување на Решение за легализација.

_mg_3470

_mg_3487

_mg_3493

За граѓаните ова е одлична прилика да го легализираат својот бесправно изграден имот и да добијат документ за негово поседување. Проектот е во директна корист на граѓаните кои се мошне задоволни од спроведувањето.

_mg_3475

_mg_3477

Секторот за урбанизам ги повикува сите граѓани кои имаат поднесено барање за легализација дека рокот за поднесување на елаборати е уште 30 дена односно до крајот на 2016-тата година.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.