Врачени нови решенија за легализација во општина Прилеп

IMG_9490

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска додели нови решенија за легализација, заклучно со кои досега се легализирани околу 8.500 дивоградби, од вкупно поднесените 15.367 барања за добивање на правен статус на објектот. Градоначалникот Ристески уште еднаш ги потсети на големиот бенефит што граѓаните го добиваат со Законот за легализација.

IMG_9467

IMG_9463

„До 31 март да се поднесат барањата за легализација на дивоградби и активно да се искористи продолжениот рок. Елаборатите, пак, можат да се достават и до крајот на 2017 година. Сепак, за граѓаните кои веќе поднеле барања, рокот за достава на елаборати е до крајот на годинава“, посочи градоначалникот Ристески во неговата изјава.

IMG_9473

IMG_9468

IMG_9470

Официјалните информации говорат дека постапувањето по барањата за легализирање на дивоградбите продолжува да се реализира согласно претходно проектираната динамика, по што Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на држава како по легализирани објекти, така и според изработката на деталните урбанистички планови.

IMG_9500

IMG_9491

IMG_9493




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.