Изминува последната недела во која важи летното сметање на времето. Од недела, во 3 часот по полноќ стрелките се враќаат еден час назад. Ќе имаме еден час повеќе за спиење, но денот значително ќе се скрати и ќе се стемнува уште пред 17 часот.
Согласно воспоставените правила, зимското сметање на времето почнува во последната недела од октомври.