Јавната установа МЕЃУОПШТИНСКИ ЦЕНТАР ЗА СОЦИЈАЛНА РАБОТА Прилеп објави неколку огласи за вработување.
Според огласите објавени на веб страната на Агенцијата за вработување отворени се работни места за следниве работни позиции: Еден правник, Еден педагог и Еден социјален работник.
Основната плата за сите три работни места изнесува 23,197.00 денари.
Огласите се активни до 29.07.2018 година.
Нови вработувања отворени се и во новата фабрика “ВИК” сместена во технолошко-индустриската зона Алинци во близина на Прилеп.
Се бараат: Еден магационер, еден контролор на електрични производи и еден сметководител.
Огласите се активни до 30.07.2018 година.