Македонскиот активист од САД, Гоце Панговски, објави на Твитер сопствена фотографија од колосеумот во Рим со маичка со натпис Република Македонија на англиски и потоа влезе во војна со аргументи пpoтив грчки твитерџии.
-Македонец во колосеумот во Рим #Macedonia #НикогашСеверна #Македонија #Macedonian #Македонци“, твитна Панговски и се соочи со канонада од реакции од Грци.
На нив тој одговори со низа објавени трудови, написи и карти пред да им порача на опонентите: „Не бидете убедени дека сте постигнале нешто со оваа мapионетска влада во Македонија. Таа нема да трае долго, ниту што било од тоа што потпиша или се обиде да направи“.
A Macedonian at the colosseum in Rome #Macedonia #НикогашСеверна #Македонија #Macedonian #Македонци pic.twitter.com/V2vMHz6JaU
— Goce Pangovski (@Goce_Macedonian) September 15, 2019