Ова е Оновното подрачно училиште ,,Мите Богоевски” во С.Јанковец – Ресенско. Во 21-от век, веќе неколку дена ова училиште е без дрва за огрев и струја, известени се сите надлежни институции меѓутоа како што велат родителите на децата, никој ништо не превзема.
Како што велат жителите на ова село, дечињата деновиве со временските промени биле премрзнати, па родитрлите сами носеле дрва за да можат да ги затоплат училниците.
Ова е реакцијата која стигна до нашата редакција од страна на родителите:
“Во ОУ “Мите Богоевски”, с.Јанковец, Ресен. Учениците немаат струја веќе трет ден, пријавено е сегде никој не реагира, никој ништо не превзема!!! Родителите носат дрва од дома бидејќи на децата му е ладно. Ова е страмота!
Споделете нека видат сите!”