Граѓанската иницијатива “За заедничка Македонија” добива се помасовна поддршка, а целосна кулминација се очекува за утре 21 март, кога во посета на Македонија доаѓа Еврокомесарот Јоханес Хан.
Вечерва со почеток од 18 часот пред хотел “Липа”, одново илјадници прилепчани ќе излезат низ градските улици и ќе дадат поддршка за унитарна Македонија.
Граѓанските маршови во Прилеп се едни од најмасовните во државата, а кон нив се приклучија голем број уметници, актери, професори, студенти и средношколци.