Во Ѓорче секој ден нешто ново! Стојкоски се пофали со уште еден вреден проект за младите (ФОТО)

Поставуваме 1450 метри квадратни нова тартан подлога на игралиштето „Бранители“, која ќе го подигне нивото на спортот и рекреацијата во нашата заедница – напиша на социјалните мрежи градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски.

-Започнуваме со замена на подлогата на фудбалскиот терен, кој сега ќе биде уште поудобен и безбеден за сите љубители на овој спорт. Кошаркарското игралиште исто така ќе добие нова, висококвалитетна подлога, која ќе ги поттикне младите да го практикуваат спортот во најдобри услови. За првпат, и теренот за серва ќе биде обновен со ваква подлога, овозможувајќи повеќе можности за активност и игра.
Со овој проект ја потврдуваме нашата посветеност за подобрување на животот во Ѓорче Петров. Работиме напорно за да создадеме услови што ќе им донесат радост, здравје и инспирација на сите наши сограѓани. Заедно, го градиме подоброто утре за нашата заедница
– напиша Стојкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.