Интересна и несекојдневна случка го одбележа вчерашното празнување на големиот христијански празник Богојавление-Водици во српскиот град Заечар.
Помеѓу дваесетте пријавени учесници имало и една девојка, а кога епископот Иларион го фрлил светиот крст во водите, момците џентлменски и дале предност на дамата, а потоа и тие скокнале во водата.
Ивана Милојковиќ е девојката која го изваде крстот, а потоа се заблагодари за ваквиот гест на момците.
Момчињата за големиот гест добија пофалби од градоначалникот на општината, како и од епископот, кои овој нивни потег го нарекоа “витешки”.