Во четврток ќе се знае дали скара ќе правиме во природа или во дворовите

Министерот за здравство во гостувањето на ТВ Стител, во емисијата „Ја сакам Македонија“, најави дека најверојатно во четврток ќе се знае дали ќе има кapaнтин за Први мај.

-Се уште е рано да се каже дали ќе има тридневен кapaнтин за викендот кој следни, односно за првомајските празници. Во зависност на бројот на новозаболени, во соработка со комисијата за зapaзни болecти и нивната анализа, ќе ја донесеме заеднички одлуката, која најверојатно ќе ја соопштиме во четврток. Тешко е да се биде затворен, но со помош на оваа мерка успеваме успешно да се избориме со болecта. Ова е време кога сите треба да се воздржиме за доброто на сите, изјави Филипче.

Тој одговарајќи на новинарско прашање, вчера кажа дека Владата зависно од однесувањето на граѓаните деновиве, ќе донесе одлука дали празникот 1 Мај ќе го поминеме во кapaнтин.

-Видовме слики од овие изминати денови од граѓани кои навистина ги почитуваат мерките, но има и голем број граѓани кои не ги почитуваат овие мерки. Мерката на разлабавување на полицискиот час ја донесовме заедно со мерката за задолжително носење заштитина опрема. Ако овие мерки не се почитуваат ќе имаме несакан ефект. Ќе го следиме однесувањето на граѓаните и ќе донесеме одлука какви мерки ќе преземеме за следниот викенд – соопшти министерот Филипче на вчерашната прес конференција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.