Фронтменот и мајстор на усна хармоника од познатиот прилепски и европски блуз бенд “Crossroad Blues Band”, Александар Дворчанец, кој беше познат уште како Сале “Блузмен”, по кратко боледување и здравствени компликации, во саботата вечерта почина.
Сале ќе го паметиме по неговиот исклучително весел и харизматичен карактер, по безбројните свирки и секогаш прекрасни настапи.
Друже, Прилеп и Македонија жалат по тебе, ни остави дело кон кое секогаш ќе се поклонуваме!
Почивај во мир!