Во пресрет на празникот Крстовден – Денот на затворските работници, и во чест на прерано почитнатите колеги: Деан Конески, Мице Чапкуноски и Мартин Димески, во просториите на Казнено поправниот дом – Прилеп, денеска се одржа крводарителска акција.
Крв несебично даруваа голем број од затворските работници, директорите на институцијата, како и граѓани. Ова е традиционална крводарителска акција, а целта како и секогаш е спасување на нечиј живот.