Во чест на еден од најмаркантните прилепчани! Crossroad Blues Band утре со концерт во Прилеп во чест на Сале Bluesman!

Овој ноември се навршуваат 6 години откако Сале – Александар Дворчанец реши да свири некаде на друго место…

Фронтменот на познатиот прилепски и европски блуз бенд “Crossroad Blues Band”, е еден од најмаркантните прилепчани кој некогаш живеел во нашиот град. Уметник, кој секогаш ќе го паметиме како еден од најголемите мајстори на усна хармоника и како вистински музички амбасадор на нашиот град и држава.

Сале ќе го паметиме и по неговиот исклучително весел и харизматичен карактер, по безбројните свирки и секогаш прекрасни настапи.

Оваа година, концертот посветен на Сале Bluesman, ќе се одржи во неговиот роден град Прилеп, во клуб “Калинка”, вторник (22.10), со почеток од 21часот. Концертот е организиран од страна на неговата дружина од Crossroads blues band, а истиот е поддржан од Cotton blues festival.

Дојдете и уживајте во прекрасна музика! Да запееме сите заедно во чест на Сале!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.