ВО ЧЕСТ НА ДОБРОТО ПРИЈАТЕЛСТВО: Дачиќ го воодушеви Лавров со овој подарок (ФОТО)

Русија го поддржува дијалогот помеѓу Косово и Србија, со неопходност да се почитуваат правилата на “Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите нации”, изјави вчера во Бања Лука рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров, после средбата со српскиот колега Ивица Дачиќ.

Двајцата министри заклучиле дека успешно и одржливо заклучување на дијалогот помеѓу Белград и Приштина ќе ја зацврсти стабилноста во регионот.

Шефовите на дипломатијата на Србија и Русија, Дачиќ и Лавров оцениле дека нивото на доверба и висока динамика на руско-српските контакти покажува дека односите помеѓу двете земји континуирано и продуктивно се развиваат, оценувајќи дека тие односи достигнале ниво на стратешко партнерство.

Првиот потпретседател на Владата и министер за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, со одличен гест докажа дека Русија е пријател на Србија.

На Твитер се појави фотографија на која Дачиќ срдечно му дава поклон на Лавров, а се работи за вино од винаријата “Три Oраха”, кое на себе има испишано посвета на руски јазик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.