На 14.05.25 г. /среда/ во 19,30ч. во фоајето од НУЦК ,,Марко Цепенков” во Прилеп ќе се одржи манифестација ,,ЉУБОВ ЗА СИТЕ”, во чест и спомен на големата македонска уметница Андријана Мациев, која прерано замина во Вечноста, но остави дела по кои ќе ја паметиме засекогаш.
На манифестацијата ќе бидат изложени 20 дела од 3 ликовни циклуси на уметницата Андријана Мациев.
– Живот во бои
– Женски приказни
– Шарени вибрации-Разбуди се, погледни во сонцето и насмевни се.
Воедно ќе бидат промовирани двата алманаха, со наслов ЉУБОВ ЗА СИТЕ, пишувани од група автори, инспирирани и вдахновени од земниот и небесниот живот на Андријана Мациев, олицетворение на Ангел Небесен.
Манифестацијата се одржува по повод три години од заминувањето на Андријана Мациев.
-Андријана замина во вечноста на 12 мај 2022 година, но нејзиниот лик и дело се инспиративни и чудесно живи и денеска, па затоа на 14 мај, ќе одбележиме три годишнина од нејзиното заминување, со оваа пригодна манифестација во чест на саканата, почитувана, величествена уметница Ан – Андријана Мациев, која учествуваше и на меѓународната ликовна колонија Дрен – велат од ЦК „Марко Цепенков“.
На присутните ќе се обрати и нејзината мајка Јулија Мациевска. На манифестацијата ќе земат учество и истакнати ликовни уметници, поети и вокални солисти.