Во центарот на Прилеп започна новогодишната прослава. Врие од луѓе на секој чекор, градот е исполнет до последен метар квадратен. Како загревање за вечерашната забава, кога настапува музичката група Љубојна, во текот на денот граѓаните ги забавуваат локални бендови до добра музика. Локалите низ градот, кафулињата и рестораните, се исполнети до последно место, секаде се очекува добра забава. Прилеп е во знакот на новата 2016 година и ги одбројува последните сати.