Во храмовите на МПЦ-ОА утре и во петок богослужба за помен на упокоените и молитва за повредените во пожарот во Кочани

Во храмовите на Македонската православна црква – ОА утре и в петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените.

– Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по Претходноосветената Литургија да се отслужи Парастос за невино настраданите во трагедијата во Кочани. Веднаш по Парастосот, пак, да се принесен Молитва за исцеление на повредените – се вели во известувањето до верниците.

Во сабота во 9.00 часот, во манастирот „Св. Јован Крстител“ во Капиштец, пак, со благослов на г.г. Стефан, ќе се служи Заупокоена литургија за покој на душите на сите настрадани во неодамнешната трагедија во Кочани, како и за прерано починатиот студент по теологија на Православниот богословски факултет Јане Глигороски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.