Во три недели, три пиедестали: Емили Иваноска од Прилеп прва до целта на ноќната трка “Биди своја” во Битола

Низ битолските улици се одржа второто издание на женската атлетска ноќна трка “Биди своја”. Оваа година учество зедоја 350 учеснички, и сите покажаа истрајност и цврстина поминувајќи ја крајната цел.

Во Битола трчаше и новата македонска атлетска надеж, Емили Иваноска од Прилеп, која одново се искачи на највисокото место на пиедесталот.

Ова е трет успех за Емили месецов, која на почетокот од јуни беше прва на 5км. во Охрид на “Охрид Трчат”, а минатиот викенд во истата дисциплина го освои второто место на „Трчаме за Рацин“ во Велес.

Девојката од Прилеп од која се очекува да прерасне во нов атлетски бисер на Македонија, од скоро е нов ученик на Игор Јакимовски, и после одработени 4 неделни напорни тренинзи стигна до првите големи резултати.

Честитки за Емили и желби за многу, многу пиедестали и први места во иднина!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.