Во Старата битолска чаршија, свечено затворено 44. издание на Малиот Битолски Монмартр (ФОТО)

По 44 пат, во Старата битолска чаршија, на Платото пред Детското ликовно студио „Кирил и Методиј“ , беа додели наградите на најуспешните учесници на затворањето на годинешното издание на Малиот Битолски Монмартр.

По одлука на Жири комисија во име на градоначалникот на општина Битола, заменик градоначалникот Бојан Бојковски ја додели наградата за најдобро училиште – учесник на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр на ликовното ателје Артино од Белград , Србија.

Детското ликовно студио Свети Кирил и Методиј Битола ја додели наградата „Најдобар учесник – ученик” на 44. Издание на светската детска ликовна колонија Мал Битолски Монмартр на Ајпенур Карадениз од Ателјето на Професор Вејсел Аџар од Трабзон – Турција. Беа доделени и други
поединечни награди, а на сите 150 учесници, односно на учениците, нивите професори и асистенти, им беа доделени дипломи за учество.

Општина Битола, традиционално го поддржува Малиот Битолски Монмартр, на кој годинава учествуваа 150 гости со 18 делегации од 17 земји, меѓу кои и Македонија, Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Чешка, Индија, Израел, Малезија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словачка, Русија и региони од Турција (Трабзон и Кајсери).




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.